RSS Feed
Дојран
Дојранско Езеро
Туризам
Локална Самоуправа
Архива
- ► 2013 (1)
- ► 2012 (79)
- ► 2011 (79)
- ► 2010 (66)
- ► 2009 (30)
Манифестации |
![]() |
![]() |
Во Дојран се одржуваат повеќе културно - уметнички манифестации и ликовни колонии. Најпозната манифестација е "Дојрански Ракувања". ![]() Културната манифестација „Дојрански ракувања“ започна во 1976 година. Првите години минуваа во духот на поетскиот пишан збор, при што еминентни писатели од нашата земја читаа свои литературни творби. Напоредно со презентирањето на постоечките достигнувања, се одржуваа и симпозиуми за ликот и делото на наши преродбеници и културни дејци од бурната историја на македонскиот народ. Природните убавини, медитеранската клима, пред се топлата и лековита вода, атрактивниот риболов со мандри со помош на птици корморани, како и многу други приоритети на Дојранското Езеро, придонесоа за интензивна градба на туристичко-угостителски објекти, кампови и голем број викенд куки, со што се зголеми и бројот на леглата. Во одредени периоди бројот на туристите изнесуваше 10-15 илјади, а во шпиц-викендите оваа бројка беше двојно поголема. Ваквата состојба налагаше измена на програмската структура на манифестацијата и збогатување со нови содржини. Така, на отворената сцена „Под јаворите“ во црквата „Св. Илија“ и на самиот брег на Дојранското езеро се прикажуваа бројни претстави, не само од Македонија туку и од соседните држави Грција и Бугарија. За време на одржувањето на таканаречените „Денови на Македонскиот филм“, во црквата „Св. Илија“ просторот беше мал да ги прими сите љубители на „седната уметност“. Тука на бината пред големото филмско платно со бројни аплаузи беа поздравувани наградените актери, режисери, сценографи и други лица, кои придонесоа за остварувањето на одредена продукција. Мошне импресивен беше настапот на македонската филхармонија на отворената сцена „Под јаворите“, на која свој настап имаа и голем број познати имиња од операта, интерпретаотри на народна и забавна музика. Ретко се случува премиера да биде изведена на отворена сцена: во езерото на корабите со дојрански рибари, на плажата. Тука се: актерите и публиката. Тоа го стори Народниот театар „Антон Панов“ од Струмица со драмата „Пиликатник“ од Антон Панов, во режија на Бранко Ставрев. Доживувања за незаборав. Да не заборавиме дека и монодрамите на актерот Мите Грозданов дадоа посебен белег на манифестацијата, а тој беше присутен и во најлошите времиња на „Дојранските ракувања“. За жал дојдоа тешките времиња, времиња на разградување на она што со години се градеше. Така поради недостиг на финансиски средства, некои од содржините беа редуцирани, а некои и целосно исфрлени (Денови на македонскиот филм). Големите ансамбли, културно-уметничките друштва, камерни состави и други веќе не беа на програмата на „Дојранските ракувања“ и еколошката катастрофа на Дојранското Езеро го стори своето. Посетата на Дојран беше минимална. Замре животот на Дојранското крајбрежје. За малубројните посетители настапуваа аматерски фолклорни групи од основните училишта од околината. И тоа беше се. Но Дојранчани беа оптимисти. Веруваа дека постепено ќе се врати во живот езерото, а со него и посетителите во Дојран. За дојранските посетители повторно ќе заживеат сцените под отворено небо, ќе има повторно воодушевување од настапите, и громогласни настапи за актерите, фолклористите, интерпретаторите. Надојдената вода во езерото ги поврати во живот флората и фауната. Се „вратија“ алгите што ја прават водата лековита. Се вратија и туристите. Сместувачките капацитети повторно се премали за да ги примат сите заинтересирани за летување на Дојранското крајбрежје. Се врати детскиот џагор на плажите. Благодарение на залагањето и ентузијазмот на одредени поединци на локалната самоуправа, и културно-забавниот живот почна да заживува. Се ангажираа повеќе и поквалитетни ансамбли, интерпретатори на народни песни и забавни мелодии. Да се надеваме дека наскоро ќе дојдат и подобри денови на Културната манифестација „Дојрански ракувања“, финансиските маки ке бидат минато и дојранските посетители, туристите, како и порано, ќе можат да следат квалитетни програми. Во последните неколку години манифестацијата се повеќе и повеќе се збогатува со нови содржини, кој се одлично прифатени од посетителите, така за издвојување е драмата „Печалбари“ во иведба на Струмичкиот народен театар која се одржа на 30 годишниот јубилеј на „Дојранските ракувања“ и во чест на 100 годишнината од раѓањето на Антон Панов. Се враќаат и изведувачите од соседните земји кој настапуваат со свои култуно-уметнички и фолклорни друштва, се повеќе настапи имаат фолклорни друштва од Македонија, како и познати изведувачи на народни и забавни песни. |