RSS Feed
Dojran
Dojran Lake
Tourism
Municipality
Архива
- ► 2013 (1)
- ► 2012 (79)
- ► 2011 (79)
- ► 2010 (66)
- ► 2009 (30)
НАЈАВЕНИ ИЗМЕНИТЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ |
![]() |
![]() |
Дел од измените, како што информираше министерот, се: за категоризација на хотел, објектот треба да има најмалку 10 соби за 1 и 2*, 15 соби за 3* и 20 соби за 4 и 5*; во сите хотели да се прифаќаат кредитни картички; во хотели со 4* да има базен, а во хотел со 5* задолжително да има базен, фитнес и спа-центар; зголемена квадратура на собите, и тоа 14м2 за еднокреветна соба за хотел со 5*и 12м2 соба за хотел со 4*, зголемен е и бројот на соби за инвалиди на секои 30 соби по една таква соба, како и задолжително познавање на еден странски јазик за менаџерот и персоналот. „Категоризацијата на угостителските објекти ја врши Комисија за категоризација, која што издава решение во кое е определена категоријата на угостителскиот објект со важност до 3 години,“ изјави Сараќини. На влезот во секој угостителски објект мора на видно место да биде истакната пропишаната ознака на видот и категоријата на угостителскиот објект, така што при огласувањето и рекламирањето на своите услуги угостителот мора да ја употребува само оваа ознака на видот и категоријата на објектот. Директорката на ДПИ Елизабета Чингаровска истакна дека новиот правилник за категоризација е многу поригорозен од претходниот и дека контролата ќе биде засилена токму во овој сегмент, за неистакнување на категоријата на угостителскиот објект. Доколку угостителот не се придржува кон одредбите од Законот за угостителска дејност, кои го уредуваат прашањето за категоризација, предвидени се парични казни и тоа глоба во износ од 1.000 евра за прекршок на правното лице и 200 евра на одговорното лице во правно лице, ако нема доказ за извршена промена на категоризацијата на угостителскиот објект и ако на видно место не е истакната ознаката на видот и категоријата на објектот, при што за ваков прекршок овластениот инспектор ќе донесе и решение за привремене забрана за вршење на угостителска дејност во траење од 30 дена. Угостителските објекти ќе имаат две години време за прилагодување кон барањата кои произлегуваат од новиот Правилник за категоризација на угостителските објекти. Инаку, во Република Македонија согласно Законот за угостителска дејност и Правилникот за категоризација на угостителски објекти, Комисијата за категоризација заклучно со декември 2011 година категоризирала 188 сместувачки капацитети со следната категорија 11 хотели со 5*, 40 хотели со 4*, 48 хотели со 3*, 60 хотели со 2* и 39 хотели со 1*.
Превземено од: Министерство за Економија
|