RSS Feed
Dojran
Dojran Lake
Tourism
Municipality
Архива
- ► 2013 (1)
- ► 2012 (79)
- ► 2011 (79)
- ► 2010 (66)
- ► 2009 (30)
Историја за Езерото |
![]() |
![]() |
Сегашното Дојранско Езеро е остаток од некогашно Пеонско Езеро (познато уште и како Стримонско Езеро) и припаѓа на т.н. Пajонска група на природни балкански езера. Врз основа на современите научно - стручни податоци за генезата и развојот на Дојранското Езеро може да се изведе општ заклучок дека тоа е типично еутрофно езеро од времето на плиоценот, значи со старост која се цени на повеќе милиони години. Во согласност со Рамсар Конвенцијата за класификација на водните системи, езерото е карактеризирано како континентално, перманентно надополнувано со свежа вода.
Дојранското Езеро е лоцирано на границата помеѓу Република Грција и Република Македонија. Сливот на Дојранското Езеро покрива површина од 270 км2, од кои на Република Македонија и припаѓаат 88,03 км2 (32,6%) а на Република Грција 181,97 км2 (67,4%). Самото езеро има елипсоидна форма со обем од 26,2 км од кои на македонска страна и припаѓа 14,80 км (56,49%), а на грчката страна 11,40 км (43,51%), при ниво на водата од 140 метри (грчката страна релативна кота од 146,66 метри) има површина од 42,5 км2 и зафатнина од 289,61 милиони м3 вода. 62,54% од површината на езерото, односно 26,58 км2 и припаѓа на РМ, а 37,46% односно 15,92 км2 на Грција. Должината на езерото е 8,9 км, а најголемата широчина е 7,1 км. Просечна длабочина е 6,7 метри а најголемата е околу 10 метри. Оперирајќи со метрите надморска височина, односно котите 160 и 148 метри (висинска разлика меѓу некогашната и сегашната линија на брегот) впечатлива е висинската разлика од 12 метри. Висинската разлика од 12 метри, во смисла на симнувањето на езерото низ минатото е одраз на неговата еутрофичност, односно природно еволутивно стареење. Интересно е што за симнување на нивото на езерото за околу 7 метри (од 160 на 153 метри) биле потребни милиони години, а загрижувачки е што од прокопувањето на каналот Ѓолај (1808 година) односно за неполни 200 години (од 1808 до 1988 година) забележано е симнување на неговото ниво за цели 5 метри. Најголеми намалувања на волуменот се забележани во 1956/ 57 и 1988/ 89 година, и во двата случаи поради енормни испуштања на вода преку каналот Ѓолај. Од 1988 – 2000 година нивото на езерото постојано се намалува и ја достигнува најниската точка од – 3,88 метри под нултата точка. Заедно со загубениот воден столб од 2,4 метри над нултата точка произлегува дека водниот столб на езерото се намалил за 6,28 метри. Последните неколку години со изградба на системот за полнење на езерото и поповолната хидролошка состојба нивото на езерото е покачено за околу 1,80 метри од апсолутниот минимум.
|