КОНКУРС ЗА НАЈДОБРИ ЛИТЕРАТУРНИ ТВОРБИ ЗА ДОЈРАН – “ЗЛАТНА ПЕРКИЈА” Print
Општина Дојран распишува: Конкурс за најдобри литературни творби за Дојран - "ЗЛАТНА ПЕРКИЈА"

 

1.Темата е слободна - во поезија или проза ( се пишува за Дојран, за убавините, за пејзажите, за езерото, за Дојранскиот фронт.... )

2.Творбата да биде напишана на македонски литературен јазик.

Уче
сниците од другите националности што живеат во Македонија можат творбата да ја достават и на својот мајчин јазик, со превод на македонски литературен јазик.

3. Право на учество на Фестивалот имаат сите уче
сници од Македонија без оглед на возраста.

 

4. Секој учесник може да учествува со најмногу две творби.

5.Творбата се доставува во 2 (два) идентични примероци (отчукани
на компјутер) со име и презиме на авторот на следнава адреса
Општина Дојран

Ул. Кеј 5 ноември

1485 Стар Дојран
или на електронската адреса - 
konkursdojran@gmail.com

 

6. Конкурсот е отворен до 10 јули 2010 година.

7.Од сите пристигнати творби, жирито на фестивалот (составено од писатели и компетентни личности) ќе ги избере најдобрите творби со кои авторите ќе настапат на 34-те Дојрански ракувања –
Светлините на Полин 2010. Избраните творби ќе бидат објавени во збирка која ќе ја издаде Општината Дојран.

8.Ќе се доделат награди за првите тројца пласирани учесници на Фестивалот.

 

9.Одлуката на жири-комисијата ќе биде објавена на 30 јули 2010 година.

10.Поетско – литературната вечер со настап на авторите на творбите, ќе се одржи во рамките на Програмата на 34-те Дојрански ракувања –
Светлините на Полин 2010 во текот на месец август 2010 година.

 

Општина Дојран
Градоначалник
Глигор Чабулев