Junior Men Balkan Championship 2010 Print

Од 4ти до 8ми август Општина Дојран ќе биде домаќин на Балканскиот одбојкарски шампионат за младинци до 20 годишна возраст.Својата тимска способност и натпреварувачки дух најдобро што умеат ќе го покажат одбојкарите од Албанија, БиХ, Бугарија, Грција, Романија, Молдавија, Македонија, Црна Гора, Србија и Турција. Голема чест и задоволство е да

се пречекаат млади, надежни и талентирани спортисти, односно да се собере Балканот во мало на едно место и тоа токму во нашиот Дојран.
Ова ќе биде настан кој дефинитивно ќе го привлече вниманието на целата Балканска јавност.
Натпреварите ќе се одржуваат во спортската сала Истатов во Нов Дојран, влезот за сите натпревари е бесплатен.

 

БИЛТЕН ЗА БАЛКАНИЈАДАТА