МОДЕРЕН БАЛЕТ Print
Од сабота (5ти март) во ООУ "Кочо Рацин" - Нов Дојран ќе почнат да се реализираат часови по модерен балет. За сега пријавени се 42 ученици од прво до петто одделение и 13 ученици од петто до осмо одделение. Кореограф и предавач на часовите по модерен балет ќе биде Ване Иванов кој своевремено беше републички судија на натпреварите по модерен балет.
 
Доколку постои заинтересираност може да се формира група и за возрасни кои сакаат да посетуваат часови по модерен балет.