Трибина за HACCP системот за безбедност на храна Print

 

Почитувани ,
           Општината Дојран, во соработка со Општина Гевгелија, Општина Богданци и Дирекцијата за храна, Министерство за здравство на Република Македонија, Ве поканува да присуствувате на информативна трибина за HACCP системот што ќе се одржи во:


Мала сала на Пионерски дом - Гевгелија
18 ноември 2008 година (вторник), со почеток во 11:00 часот


           Согласно важечките законски прописи на Република Македонија, HACCP системот за безбедност на храна задолжително треба да биде имплементиран до 01.01.2009 година.
           Целта на оваа трибина е да им се укаже на стопанствениците од Гевгелија, Богданци и Дојран (производство на храна, угостителски објекти каде се подготвува и послужува храна, објекти што работат со промет на храна и сл.) на потребата од итно исполнување на законските обврски и начините на понатамошна контрола на безбедноста на храната од страна на инспекциските органи. Воедно, присутните стопанственици ќе бидат информирани за принципите на HACCP системот и ќе можат директно да дискутираат со претставниците од Дирекцијата за храна!


          Организацијата на трибината е поддржана од GTZ MAFP проектот и се реализира во соработка со канцелариите за Локален Економски Развој на општините Гевгелија, Богданци и Дојран.