ДОЈРАНСКА КАРНЕВАЛСКА ЗАБАВА Печати
Под покровителство на општина Дојран и фабриката за челик "Dojran Steel" на ден 20 август 2011 година за првпат ќе приредат карневалско дефиле наречено "Дојранска Карневалска Забава". Карневалската забава стартува со почеток во 20:00 часот а маските тргнуваат од пред хотелот "Полин" на градското шеталиште и завршуваат на градскиот плоштад под Јаворите се до 22:00 часот, каде продолжува забавата на летниот шанк "Мандра" заедно со Dj Manga. Ве покануваме да присуствувате на овој несекојдневен настан.