ВАСИЛИЧАРСКА ВЕЧЕР Print

Драги сограѓани, почитувани верници,
Упатувајќи ви искрени честитки по повод новогодишните и божиќните празници, Ве поканувам да присуствувате на прославата за Стара Нова Година на 13.01.2012 година (петок) на пазарчето во Нов Дојран со почеток од 18:00 часот. Воедно за оние кој нема да се во можност да дојдат заради оддалеченоста од местото на живеење ќе има организиран бесплатен превоз (комбе) кој ќе кружи низ селата во општината.

  
Да ја одбележиме Стара Нова Година во духот на православните христијански обичаи – со василичарски оган, многу богата трпеза, музика, греано вино и ракија. Прославата на Василица нека биде симбол на здравје, среќа, бериќет, а хуманите дела од житието на свети Василиј Велики нека ни бидат поттик за хуманост, толеранција и заедништво на сите наши ближни и сограѓани. Пред самиот дочек на големиот православен празник срдечно ви посакувам Среќна Стара Нова Година и честит именден на именосците на светителот Василиј!

 

 

                                                                                                                 Градоначалник

                                                                                                                 Глигор Чабулев