ТРИБИНА "ПРЕДНОСТ НА МАЛИТЕ" Print

Министерството за информатичко општество и администрација, како институција надлежна за модернизацијата на државната и јавната служба во Република Македонија, ја презема координативната улога во процесите на регулаторните реформи и проценката на влијанието на регулативите (РИА) врз деловната заедница, граѓанскиот сектор и воопшто граѓаните на Република Македонија.

Во рамките на четвртата фаза на Регулаторната гилотина - „Предност на малите”, Министерството организира трибини со претставниците на малите и средни претпријатија за намалување на бројот на непотребни бирократски процедури или административни пречки за бизнисите.

Целите на овие трибини е преку Вашите предлози и сугестии да дојдеме до определени решенија и мерки за намалување на оптоварувањата и поедноставување на условите за работа на деловната заедница во Република Макеоднија.

Трибинта во ќе се одржи во Гевгелија на 19.03.2012 година – понеделник, во салата на хотел Аполонија, со почеток во 11:00 часот.
Би ценеле доколку вашата компанија испрати свој претставник на трибината.

Лице за контакт Братислава Танасковиќ на е-маил: This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it