ПРЕЗЕНТИРАНИ ТРУДОВИТЕ НА ТРИБИНАТА "ТУРИЗМОТ ВО ДОЈРАНСКИОТ РЕГИОН" Печати

Петокот (20.04.2012 година) во хотелот "Истатов" беше место каде што се одржа научно - стручната трибина со наслов "Туризмот во Дојранскиот регион". На истата присуствуваа повеќе од 40 учесници и беа презентирани 27 научни трудови. Дел од трудовите се со наслов:
 "Подобрувањето на патната инфраструктура во регионот на Дојранското Езеро за поттикнување

на поинтензивен туристички развој" од Проф. д-р Ристе Темјановски,
"Дојранскиот ров - регионално географски преглед" од Проф. д-р Благоја Маркоски,
"Популаризација на антрополошките вредности на Дојранскиот регион како можност за развој на туризмот" од Доц. д-р Рубин Земон.
"Плажите во функција за зголемување на туристичкиот промет во Општина Дојран"од Доц. д-р Нако Ташков, м-р Тања Ангелкова и м-р Татјана Џалева
"Осврт на проектот спас на Дојранското Езеро" - Доц. Д-р Маргарета Матлиевска
"Средствата на ИПАРД во функција на поттикнување на туризмот во Дојран" - Доц. д-р Виолета Маџова
"Потенцијални извори на финансирање на туризмот во Дојранското Езеро" - Доц. д-р Марија Ацковска, Доц. д-р Неда Петровска
"Основни социо - економски параметри за унапредување на туризмот во Општина Дојран" презентиран од Доц. д-р Никола В. Димитров и м-р Душко Јошески.

Градоначалникот на Општина Дојран, Г-дин Глигор Чабулев искажа задоволство од соработката со Универзитетот "Гоце Делчев" и ги покани академските
работници на средба во општината каде уште еднаш ќе се разгледаат научните трудови и според нив ќе се изготви нова стратегија за развој на Општина
Дојран.

 

  • Галерија