РЕАКЦИЈА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВО ВРСКА СО ИЗЈАВАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА СОВЕТОТ ДАДЕНА НА КАНАЛ 5 Print

Почитувани Граѓани,

Во врска со изјавата од Претседателката на советот на Општина Дојран г-ѓа Магдалена Шимова дадена на Канал 5 телевизија, истата ја демантирам бидејќи вчера (27.04.2012) на седницата на советот одржана во казино "Хит-Интернационал", од страна на општинската администрација и беше објаснет целиот процес како на неа така и на сите советници во врска со аплицирањето на проектите за Прочистителна станица и Музејот на вода.

Жално е тоа што Општина Дојран не аплицира за прв пат на ваков вид проекти и уште пожално е дека до сега се добиени два големи инфраструктурни европски проекти изградба на Музеј од првата светска војна и Летна сцена кои за први од ваков домен во историјата на општина Дојран. На седницата мнозинството советници го игнорираше објаснувањето во врска со аплицирањето на проектите од страна на општинската администрација за за кого иститот постои видео материјал и записник, за кој видео материјал ја повикуваме Претседателката да го достави во Општината бидејќи таа си ангажира снимател но без претходна монтажа и ќе го објавиме на Официјалниот Веб сајт на Дојран па народот нека процени дали ние даваме тендециозни изјави и лични навреди упатуваме кон неа. Истотака од страна на општинската администрација беше побарано од сите советници пред крајниот рок за поднесување на апликации 16 мај 2012 година, да се одржи седница на совет со единствена точка на расправа во врска со проектите и детално нивно објаснување за реконструкција на Прочистителната Станица и Музејот на вода, за кој предлог мнозинството советници го игнорираа исто како и гласањето на одлуките за проектите Реконструкција на Прочистителна Станица и Музејот на вода со што излегуваа од седницата и не гласаа ниту против ниту воздржано за да си ги заштитат личните интереси иако се свесни дека овие проекти се од големо значење но така им наредува претпоставената т.е Претседателката за кој исто можете да се уверите докулку почитуваната Претседателка ако е толку искрена и Транпарента да ни го достави видео материјалот од седницата но напоменавме без претходна монтажа на истиот. Морам да напоменам дека овие проекти ќе бидат целосно финансирани доколку се одобрат од страна на Европската Унија со што ќе добеме две странски донации пари кои ни ги дава Европа а нашата Претседаталка ги отфрлува истите заради лични причини со што го крши правото на работа кој и го дал народот за да управува со нивната иднина и иднината на нашите деца кој ќе живеат во Општина Дојран. Ги повикувам жителите на Општина Дојран доколку сакат да се уверат во моите изјави нека ја побараат Претседателката да ни го достави видео материјалот и да го објавиме на веб страната за да се увериме во сето ова. Јас верувам во жителите на општина Дојран дека самите се доволно разумни да проценат дали јас работам против интересите на Дојран или луѓето кој ме критикуваат за тоа. Уште еднаш ја повикувам Претседателката да се соочи со оваа моја изјава со доставување на видео материјалот од последната седница одржана на 27.04.2012 година.

 

                                                                                                                             Градоначалник 

                                                                                                                             Глигор Чабулев