Угостителство Print

    Угостителството како стопанска гранка отсекогаш било развиено во Дојран. Порано во градот за време на Турското владеење имало околу 25 кафеани лоцирани на езерскиот брег. Поголемите кафеани имале и летни бавчи, со тераси до Езерото, а некои од терасите биле и над езерската вода. И денес се уште Дојран поседува голем угостителски капацитет, со прекрасни ресторани каде може да се проба од убава и далеку позната Дојранска Риба. Дојран е познат и по специфичните специјалитети за храна: